Косовската претседателка Вјоса Османи побара од американскиот претседател Џо Бајден да го искористи влијанието на Вашингтон во НАТО и да помогне на нејзината земја да се прудружи на воениот сојуз,
Во писмото со датум од 10-ти март, Османи навела дњека по „инвазијата на Русија врз Украина, придружувањето на НАТО станало главен приоритет за националната безбедност“.
„Членството на Косово во НАТО стана императив (…) Веруваме и очекуваме дека САД ќе го искористат своето влијание и водство за активно да го поддржат покренувањето на сложената постапка на придружувањето на Косово во НАТО“, напишала Османи.
„Изложени сме на упорните напори на Русија да го поткопа Косово и да го дестабилизира целиот западен Балкан“, тврдела Османи во писмото до Бајден,.
Поранешната српска јужна покраина Косово и Метохија, еднострано во 2008 година прогласи независност од Србија, но Србија и Рисија се меѓу земјите кои не ја признаваат косовската независност и повикувајќи се на Резолуцијата 1244 на ОН од 1999 година го блокираат членството на Косово во Обединетите нации.
Меѓутоа, Косово не го признаа и четири членки на Европската унија и на НАТО – Шпанија, Грција, Романија и Словачка. На Косово во моментов се распоредеи 3.770 војници на НАТО, од кои 600 се од САД.