Сите други кодови, кои ги има Косово во моментов нема да бидат во употреба по овој датум.
Веста ја соопшти косовската министерка за дијалог Едита Тахири, додавајќи дека со Србија е постигнат договор околу ова прашање.
– Меѓународната унија за телекомуникации ќе го стави во употреба телефонскиот код +383 од 15 декември 2016 година. Нашата држава ќе има сопствен телефонски код, како и сите други држави и ќе има целосна сувереност за сопствениот телефонски код, додека сите други кодови кои се користеа до сега (381, 377, 386) ќе бидат отстранети од употреба, изјави Тахири.
Преговорите меѓу Косово и Србија за телекомуникациите траат околу шест години.
Во замена на суверен код, Косово се обврзано да даде привремена и ограничена дозвола за работа на телекомуникациската компанија МТС.
Според Владата на Косово, добивањето телефонски код е уште едно постигнување во создавањето на идентитет на државата на полето на телефонијата. Со овој договор се одредени и границите на фрекфенција меѓу Косово и Србија.