Почетокот на учебната година во Косово е поместен од први септември на 13-ти септември поради моменталната епидемиолошка состојба, одлучи денеска Министерството за образование при привремените установи во Приштина.
Според приштинска Koha, се очекува дека одлуката наскоро ќе биде официјално објавена.
Министерот за образование Арбери Нагавци на својот фејсбук профил објави дека враќањето на училиште мора да биде безбедно и дека интересот на децата е примарен при донесување одлуки.