Косово нема да дозволи Србија да организира избори на негова територија

Србија не може да организира избори во Косово, изјавил Беким Чолаку, советник на косовскиот премиер Хашим Тачи, пренесува „Блиц“. Според зборовите на Чолаку Владата во Приштина ќе стори се’ за да не дозволи Србија да организира избори на територијата на Косово.

„Србија не може да организира какви било избори во Косово. Но косовските граѓани од српска националност, кои имаат двојно државјанство, може да гласаат на изборите во Србија“, изјавил Чолаку.