![download](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/download28.jpg?resize=305%2C165&ssl=1)
Косовскиот министер за надворешни работи, Енвер Хоџај го отповика амбасадорот во Црна Гора, Џафер Ахмети, бидејќи на својот Фејсбук профил, поранешниот албански премиер, Сали Бериша го нарекол „психопат“.
Хоџај решил веднаш да го врати Ахмети по неговиот коментар на социјалната мрежа за работи кои не се во склад со правилата на дипломатијата, како и поради начинот на однесување кое не е за пример за еден дипломат, изјави за агенцијата АФП, советникот во ковосовското министерство, Башмир Џемај.
Ахмети на Фејбук напишал дека Бериша „не е нормален“ и дека е „психопат“, бидејќи поранешниот премиер остро го критикувал својот наследник Еди Рама.
Ахмети, исто така ги повика Албанците во Албанија да ги искористат сите демократски средства и да протестираат против власта.