![Albin Kurti](https://netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Albin-Kurti-696x475.avif)
Движењето Самоопределување (VV) на косовскиот премиер Албин Курти води на парламентарните избори со 37,5 отсто од гласовите, покажаа во неделата доцна вечерта објавените прелиминарни податоци на централната изборна комисија, врз основа на 50,89 отсто преброени гласови.
Излезните анкети предвидуваа победа на движењето самоопределување на изборите, но не со доволна поддршка од гласачите за самостојно да формира влада.
Демократската партија на Косово (PDK) има 29,80 отсто, Демократската лига на Косово (LDК) 16,29 отсто, Алијансата за иднината на Косово 7,92 отсто, додека Српската листа е на петтото место со 2,28 отсто од гласовите, објави приштинскиот портал Repoeteri.net.
Од 120 места во косовското Собрание, 20 се загарантирани на малцинствата – 10 на Србите и 10 на другите малцински заедници.