Косово се подготвува да воведе сопствена валута, пишува денеска приштинска „Трибуна“.
Таа идеја моментно се разгледува, истакнуваат извори од косовската Централна банка, додека експертите во Приштина сметаат дека воведувањето на сопствена валута ќе допринесе за развој на монетарна политика.
Тие предупредуваат дека одржувањето на стабилноста на ваквата валута претставува сериозен предизвик.