Косово станува даночен рај на Балканот, бидејќи голем број компании во Србија за да не им платат на фирмите што им должат, но и да не ги платат долговите кон државата масовно своите адреси ги пренасочуваат во Северно Косово.
Од овие причини во април годинава во Србија е донесен нов закон со кој што доколку фирмата подлежи на даночна контрола не може да се пререгистрира на друга адреса. Но како што деновиве пишува Радио Слободна Европа за Србија, за да има ред треба да се следат и фирмите кои не се под даночна контрола, за да во меѓувреме и тие не се пререгистрираат.
Во конкретниов случај се работи за измама и затоа за фирмите кои се пререгистрирани на Косово поднесени се кривични пријави, но и се водат постапки против нивните одговорни лица.
Анализите велат дека од 2000 година, па до сега голем е бројот на српските фирми кои го селат капиталот во Косово со цел да им се намалат трошоците за даноците или целосно да ги избегнат. Ова можност им ја дозволува Агенцијата за даночна регистрација на Србија, така се губи можноста да се контролира нивната работа.
Истражувањата покажале дека долговите на некои фирми кон државата достигнале И повеЌе од милион рвра. Според податоците на Агенцијата за регистрација на бизнисите која е дел од Министерството за трговија И индустрија на Србија, во Косово од 2003 до денес се регистрирани 339 фирми од Србија, а само во првата половина од година 14 фирми го напаравиле тоа. Најголемиот дел од овие компании се сместени во Северно Косово каде што преовладува српско населени.
Клучен момент што им овозможува да користат вакви поволности е што според Бриселскиот договор тие се наоѓаат во транзиција и нтеграција на косовскиот систем, но им дел што се регистрираат и во Приштина.
Околу 80 српски фирми се регистрирани во Приштина
Според инсајдер.нет су во последните неколку години околу 80 српски фирми се регистрирани во Приштина како фантомски фирми кои потоа исчезнуваат. Овој срски медиум го истражува патот и појаснува дека тоа се случува така што во Србија фирмите робата на рати ја купуваат,а гаранцијата ја даваат со потпишана меница. Но за да го избегнат плаќањето потоа се пререгистрираат во Приштина и не ја плаќаат фактурата. Добавувачот нема начин како да ја реализира наплатата, бидејќи не ја знае новата адреса.
Претседателот на стопанската комора на Косово, Сафет Грџалија во неколку наврати укажува дека станува збор за фискална евазија, а северно Косово е црна дупка на Балканот. Во овој регион нема ниту фискални каси иако фискализацијата е почната во 2010 година. Според него проблемот треба заеднички да го решат за да се надмине сивата економија, бидејќи за корупција И криминал се потребни двајца. Од друга страна, пак, српската власт на оваа територија нема никакви овластувања.
Од 2010 до крајот на јуни 2018 година според податоците на Даночната управа на Србија поднесено е преку 100 кривични пријави за одговорни лица на компании кои што имаат седиште на Косово. Останува отворено прашањето како донесените пресуди ќе може да се реализираат, кога судските извршители од Србија, немаат надлежност во Косово.
Се трага по фантомските фирми
И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во јуни 2017 година укажал дека се лоцираат “фантомски фирми на Косово чиј газди се недостапни за српските органи на правдата.
Една од придобивките што ги имаат овие компании е што плаќаат помалку придонеси на платата на вработените, бидејќи на платата во Србија оптоварувањето од државата е 56,3 отсто, а во Косово само 14%
Но во останатиот дел од Косово ситуацијата се менува. Така со новиот даночен пакет во Косово, кој беше спроведен од 1 септември 2017, веќе не вклучува ДДВ за суровини и информатичка технологија. Даночниот пакет носи и серија на олеснувања за компаниите кои сакаат да инвестираат во Косово, оти со тоа ќе се создадат подобри услови за развој на производството.
Косовската е една од најслабите економии во Европа. Бруто-домашниот производ по човек е само 1.565 евра, според податоците од 2004 година покрај значителните субвенции во минатото Косово ја има најслабата економија од сите поранешни југословенски републики. Како додаток на лошата фарма на областа е и комбинацијата од намерно неразвивањето на економијата од централната власт, недостатокот на надворешна трговија и меѓуетничките конфликти, кои постојано нанесуваат штета врз економијата.