Косово: Убиен Албанец додека сечел дрва, двајца се борат за живот (ФОТО)

При престрелка во Јужна Митровица, во селото Коловрт, помеѓу Жупча и Кошутова, убиено е едно лице, а двајца се тешко повредени.

kosovo2

Како што пренел портпаролот на косовската полиција, сите тројца биле Албанци на кои со огнено оружје било пукано од непознат правец додека сечеле дрва.

Kosovo

Косовските медиум пренесуваат дека станува збор за Ардиан Ибрахими (19) и браќата Албион Брахими (16) и Алберт Брахими (15).

За сега се непознати сторителите на овој напад, но косовски „Индеконлајн“ пишува дека жртвите биле нападнати од униформирани Срби.

kosovo3