Косово затвори два премина со Србија, по блокадите на патиштата и враќање на патниците

Приштина во саботата соопшти дека затворила два гранични премина со Србија, откако демонстрантите на српска територија делумно ги блокирале патиштата и ги враќале патниците со косовски документи во знак на протест против најновите тензии во северот од поранешната кужна српска покраина.

Помала група демонстранти се собра во Србија, на неколку километри од границата со Косово и во близина на најмалку три гранични премина, и проверуваа дали возачите поседуваат косовски документи. Тоа е реакција на последните упади на косовската полиција во доминатно српските средини во областа и упадите во институциите кои се поврзани со Белград.

Последната година особено се зачестени обвинувањата дека централната косовска влада на Албин Курти за кршење на правата на етничките Срби со цел да изврши етничко чистење.

„Маскирани демонстранти внатре на територијата на Србија селективно и на фашистички начин ги запираат патниците кои транзитираат во Србија“, изјави косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечља и најави затворање на граничните премини во Мердаре и Берњак.

Другите четири премини сѐ уште се отворени.

На северот на поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија, каде албалснкото мнозинство во 2008 година со поддршка на САД и нивните сојузници еднострано прогласи независност живеат уште околу 50.000 Срби коишто, како и Србија, не ја признаваат независноста на Република Косово и го признаваат Белград како главен град.