Челниците на Демократскиот сојуз на Косово (DSK) го обвинија во средата премиерот Албин Курти дека заедно со амбасадорот во Хрватска, Мартин Беришај, се вмешани во афера за финансирање на изборна кампања со пари од Словенија, објави порталот Kosovo online.
Членот на претседателството на DSK, Џафер Тахири, изјави на прес-конференција дека последната кампања на Албин Курти е финансирана со сомнителни при, оценувајќи дека „овој скандал станува сѐ поголем, пренесе приштинскиот портал на весникот Koha.
„Според најновите информации станува збор за 100 милиони евра од компанијата GEN, за којашто постојат сомневања дека преку филијалата во (албанската престолнина) Тирана, каде што се префрлени 14 милиони евра, ја финансирала кампањата на Курти“, изјави Тахири и ова обвинување го поврза со пишувањето на словенечкиот портал Prava.
Тахири од органите на извршните власти во Приштина побара истрага за овие наводи коишто, според неговото мислење, го нарушуваат интегритетот на Владата на Косово“.
Потпретседателската на Демократската партија на Косово (DPK) Вљора Читаку, пак, побара истрага и смена на косовскиот амбасадор во Хрватска, Мартин Беришај, кого го именуваше премиер Курти, тврдејќи дека новите факти ја докажуваат неговата вмешаноста во енергетскиот скандал.
Постојат сомневања дека Беришак во периодот од 2019 до април 2022 година од компанијата GЕN добил најмалку 1,5 милиони евра, избегнувајќи ги даночните обврски, а таа сума не ѝ ја пријавил на косовската агенција за борба против корупцијата, пишуваат приштинските медиуми.
Портпаролот на косовската влада, Перпарим Круезију, ги нарече невистините тврдењата на словенечкиот портал Prava дека премиерот Курти добил милиони евра од компанијата GEN за кампањата на неговото движење Самоопределување (Vetëvendosje – VV).
Приштинските медиуми наведуваат дека првпат финансискиот скандал поврзан со амбасадорот Беришај е пријавен во април минатата 2022 година, во пресрет на парламентарните избори во Словенија.
Тогаш беше објавено дека словенечкиот политичар Роберт Голоб вршел финансиски трансакции од српската филијала на компанијата GEN кон компанијата „MB Konsalting“ на Бериша. Според тие извештаи, од неговата компанија извлечени се 600.000 евра во готовина, за коишто постои сомневање дека потоа му се вратени на Голоб.