Косовската полиција соопшти дека рано утринава уапсила 40 лица низ Косово осомничени дека учевствувалe во борбите во Сирија и Ирак, и дека ги поддржувале терористичките организации.
Уапсните лица се од Приштина, Печ, Гњилане, Урошевац, Призрен и Косовска Митровица а осомничените се лишени од слобода на повеќе од 60 локации, по проценката дека со нивното однесување се загрозуваат националната безбедност и заштита на уставниот поредок.
Во полициската акција запленети се одредени доказни материјали вклучувајќи и експлозивни средства и оружје. Во соопштението исто така се наведува дека 16 лица од Косово настрадале во борбите во Сирија и Ирак.