По предлог на косовскиот министер за внатрешни работи, Џеваљ Свеќља, косовската влада одлучи „Цивилната заштита“ и „Северната бригада“ да ги прогласи за „терористички организации“, јавуваат приштинските медиуми.
Косовскиот премиер Албин Курти изјавил дека овие организации претставуваат „сериозна и директна закана за безбедноста и уставниот поредок на Косово“, пренесува приштински Koha.
„Врз основа на оценките на безбедносните институции во Република Косово, илегалните формации „Цивилна заштита“ и нејзината компонента „Северна бригада“ претставуваат сериозна и директна закана за безбедноста и уставниот поредок на Косово“, нагласил Курти.
На седницата присуствувал и министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља. Според Kohaa, рекол дека безбедносните институции работат на идентификување и реагирање на „заканите за уставниот поредок и безбедноста на Косово“. Нагласил дека „тероризмот и насилниот екстремизам остануваат една од главните грижи“.
„Релевантните институции во рамките на соодветните мандати идентификуваа неколку терористички групи кои вршат директни терористички акции против Косово. Овие групи се толерираат со текот на годините. Повеќе од две години нашите законски одлуки се оспоруваат со барикади, вооружени напади врз припадници на полицијата, напади врз државни објекти, напади врз политички противници, напади врз новинари и слично. МУП е ангажиран за идентификација на овие лица кои сториле кривични дела“, рекол Свечља.
Тврдел дека со изведување на членовите на овие групи пред лицето на правдата ќе се обезбеди мир и безбедност за граѓаните кои, како што вели, ги загрозиле.
Свечља рекол и дека одлуката не се однесува на членовите на организациите кои претходно биле „амнестирани“, но и дека веднаш ги забранува активностите на споменатите групи. Додал дека и дека во врска со оваа одлука имало координација со меѓународните партнери.
„Ние континуирано се координираме со сите наши сојузници, понекогаш се согласуваме, а понекогаш не се согласуваме. Без сомнение, се координиравме за овој чекор“, рече тој и додаде дека со текот на времето ќе ги сподели деталите од овој процес со стратешките партнери, пренесува Gazeta exxpes.
Навел дека станува збор за „демократски земји со кои Косово споделува заеднички вредности“. „Демократските земји, ЕУ, ЕУЛЕКС и мисијата КФОР споделуваат заеднички вредности“, рече тој.
Koha наведува дека на овој предлог се спротивставил косовскиот министер за заедници и враќање, Ненад Рашиќ и дека побарал од Свечља да го преиспита предлогот за „да не се носат итни одлуки“. Рашиќ, додава овој медиум, бил и единствен против одлуката при гласањето.
„Беа избрзани неколку предлози и мислам дека треба да продолжиме со поголема грижа. Со почит кон вас министер, вие сте работник. Ве молам, ако има можност да се преиспитаме, уште еднаш да го видиме овој предлог и одлука, бидејќи се плашам дека ќе се оградиме од нашите соговорници на Северот. Ваквиот пристап многу ќе не оддалечи“, рекол Рашиќ
Свечља одговорил дека прогласувањето на овие организации за терористи е „клучно за граѓаните“.
„Токму овие два субјекта со насилство и уцени го спречуваат овој разговор со локалните граѓани. Убедени сме дека изведувањето на членовите на овие два субјекта пред лицето на правдата е гаранција дека дијалогот и соработката се можни и ќе донесат резултати“, рекол Свечља.
Свечља кон крајот на минатата седмица најави дека ќе побара од косовската влада да ги прогласи „Цивилната заштита“ и „Северната бригада“ за „терористички организации“. Ова го изјави во саботата во базата на специјалните сили на косовската полиција, а еден ден по акцијата на овие единици во Звечан, во која беше пронајдено возило со поголемо количество оружје, муниција и друга опрема. Во вска со тоа официјален Белград одговори дека е неуспешен обид во режија на владата во Приштина да ги обвини Србите од северот на поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија како и самата српска држава, откако Косово добило укори од неговите западни покровители.
По оваа акција, претставници на Приштина се огласија во медиумите со тврдењања дека се работи за „планиран терористички напад“ кој наводно бил спречен од косовските безбедносни институции. Од друга страна, Белград ја обвини Приштина дека самата го импровизирала поставувањето оружје и муниција во луксузниот автомобил со затемнети стакла со наводно белградска регистрација, а со цел да ги да ги обвини Србите и продолжи со апсењата.
Цивилната заштита и Северната бригада?
„Цивилната заштита“ на северот на Косово беше укината, а нивните членови беа интегрирани во неколку косовски министерства врз основа на договорот меѓу Белград и Приштина за цивилна заштита, кој беше постигнат во март 2015 година.
Што се однесува до Северната бригада, пошироката јавност за неа дозна минатото лето кога на улиците на Косовска Митровица се појавија графити со натписи – „Тука сме, не грижи се – Северна бригада“, а потоа имаше и отворени сметки. на социјалните мрежи со исто име.
Српскиот претседател зборуваше и за „Северната бригада“ веднаш по испишувањето на графитот, наведувајќи дека е „загрижен поради желбата на Србите да се спротивстават на албанското насилство“.
Иако на графитот пишуваше „Северна бригада“, Вучиќ рече дека станува збор за „Бригада Север“, бидејќи „Северна бригада“ е навивачка група на Црвена ѕвезда, притоа поправајќи го новинарот на прес-конференцијата.
Доколку се исклучат графитите и коментарите на социјалните мрежи, оние кои се претставувале под ова име никогаш јавно не се огласиле, ниту, пакм на јавноста ѝ беа достапни потврдени информации дали постои организација под ова име и со што таа се занимава.