Косовската Влада повикува на дијалог по протестите за „Монструм“

Косовската влада соопшти дека внимателно ги следи случувањата во Македонија по пресудата во случајот Монструм и притоа ги повика сите страни да дојдат до решение преку меѓусебен дијалог. Според нив, политичкиот дијалог и целосно спроведување на Охридскиот договор се единствен начин за решавање на отворените прашања помеѓу заедниците во Македонија. Почитувањето на фундаменталните уставни и инстиуционални права, како што е наведено, се единствениот начин да се избегне ескалација на насилството, кое може да има тешки последици по регионот.

Косово е посветено на евроатланските интеграции и регионалната соработка и со тоа ги повикува сите страни во Македонија да се воздржат од насилство како средство за решавање на политички прашања. Албанскиот народ во Македонија има свои претставници избрани на демократски начин, кои имаат обврска институционално да се занимаваат со проблемите на албанскиот народ, се вели во соопштението.