Косовски автобус се превтре во Србија, повредени се 17 патници

Автобус на компанијата „Житиа Турс“, со косовски регистарски таблички, ноќеска се превртел во Србија.

Локалните медиуми пренесуваат дека станува збор за линија што сообраќала на релација Приштина – Грац, а несреќата се случила во близина на Крушевац.

Засега сѐ уште нема официјални податоци за причините за несреќата, но познато е дека пред излетувањето од патот автобусот нагло преминал на левата коловозна лента.

Неофицијално, во несреќата се повредени 17 патници кои се пренесени во ургентниот центар во Крушевац. Според РТС, само едно лице е потешко повредено.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денов.