Двајца косовски полицајци се уапсени во северниот дел на Косовска Митровица, под сомнение дека манипулирале со докази поврзани со убиството на Оливер Ивановиќ.
Станува збор за Драгиша Марковиќ и Жарко Јовановиќ и двајцата на возраст од 48 години. Двајцата полициски службеници претходно биле дел од Министерството за внатрешни работи а биле вклучени во косовската полиција,врз основа на договорот од Брисел.
Лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, беше убиен утрото на 16 минатиот месец,кога во него беше пукано пред неговата канцеларија во Косовска Митровица.
По речиси три недели од убиството, косовските власти,минатата недела, почнаа соработка со српските колеги, на кои им биле дадени дел од документите од истрагата,меѓу кои и извештајот од обдукцјата, со цел што побрзо расветлување на убиството на Ивановиќ.