По повеќечасовна расправа во косовскиот Парламент околу продолжување на мандатот на мисијата на Еулекс, пратениците со 84 гласови „за“, шест против и еден воздржан, усвоена е одлуката на косовската Влада оваа мисија во Косово да делува уште две години.
– Мнозинството пратеници во своите дискусии и оние кои беа за продолжување на мандатот и оние против изнесоа оценка дека мисијата на Еулекс во изминатиот период не одговорила на поставената задача и побараа да ја исполни мисијата за која доаѓа во Косово, пренесува МИА.
Во обраќањето до пратениците, премиерот Иса Мустафа побара да се изгласа продолжување на престојот на мисијата, бидејќи на тој начин му правеле услуга на косовското правосудство.
Според Мустафа, Владата високо ја цени мисијата на Еулекс и треба понатаму да остане во Косово со цел да се зајакне судскиот систем во земјата за да може да се справи со организираниот криминал и корупцијата.
– Во име на Владата ве повикувам да ги усвоите овие два закона и со тоа да му направиме услуга на косовското правосудство, истакна Мустафа.