Премиерот на Косово,Хашим Тачи ќе присустува на Конференцијата за Западен Балкан во Берлин, Германија, а на состаноците на работните групи ќе учествуваат и министерите за надворешни работи и финансии, Енвер Хоџај и Бесим Бегај.
На овој форум ќе се разговара за енергија, технологија, инфраструктура и пред се за меѓусебната регионална соработка, како и соработката со Европската Унија.
Портпаролот на Хоџа, додаде дека Владата на Косово ќе претстави и конкретен план за промоција на проекти за инвестирање во Косово.