Посетата на косовскиот заменик министер за правда, Блерим Салаху, најавена за денеска, се одложува, потврдуваат за „Фокус“ од министерството за правда.
Како што најави Салаху, на неговата агенда беше ставена и посета на косовските државјани кои се осудени за случајот „Диво насеље“, односно за настаните од мај 2015 година во Куманово.
Иако македонскиот заменик-министер за правда, Агим Нухиу вчера рече дека денеска треба да вима средба со неговиот косовски колега Блерим Салаху, но не и да се сретне со осудените косовски државјани во случајот „Диво Насеље“.
Засега не се знае која е причина за одложување на најавената посета.