Косовските пратеници ќе расправаат по три интерпелации за Харадинај

Собранието на Косово ќе одржи пленарна седница во петокот, на чијшто дневен ред се три интерпелации за косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Првата интерпелација, според дневниот ред што го објави собраниската служба за информирање, е поднесена од движењето Самоопределување и се однесува на обвиненија за „корупција и организиран криминал во институциите и кај високи претставници на власта“, во врска со одлуката на Владата да исплати пенали во висина од 53 милиоини евра за изведувачот на работите на автопатот Приштина-Скопје.

Втората и третата интерпелација се поднесени од пратеничките групи на Самопределување и на Демократскиот сојуз на Косово, едната за финансиската состојба на јавните претпријатија „Телеком“ и „Пошти на Косово“, и втората за незаконски одлуки и конфликт на интереси на министерот за земјоделство Ненад Рикало.