Косовското собрание на брзина во прво читање ги усвои сите три владини предлози на Законот за трансформација на Косовските безбедносни сили во Војска на Косово.
Со донесувањето на овие закони, Собранието практично ги усвои законите за основање на војска заобиколувајќи го уставот на Косово, во обид формирањето на војската практично да го протурка низ мала врата.
Претениците Срби ја напуштија седницата, бидејќи сметаат оти станува збор за кршење на уставот, а во собранието денеска се и преставници на опозицијата, кои вообичаено ги бојкотираат седниците.