Коста вети дека ќе го удри Серхио Рамос

Најголемата ѕвезда во дресот на Атлетико (М), Диего Коста, додатно ја вжешти атмосферата пред неделниот дерби натпревар против градскиот тивал, тимот на Реал (М), со изјавата дека ако треба и физички ќе се пресмета со дефанзивецот на „кралскиот клуб”, Серхио Рамос.

„Јас не сум светец кога се во прашање фудбалските натпревари, но сите кои го следеа последниот дуел помеѓу Реал (М) и Атлетрико (М) видоа дека јас не барав никаква физичка пресметка. Се борев со Рамос, но ако треба, јас ќе го удрам, а знам дека истото ќе го направи и дефанзивецот на Реал (М). Секогаш сум возбуден кога за противник го имам градскиот ривал. Само што заврши првенствениот дуел против Осасуна јас се фокусирав на дуелот против Реал (М). Ќе играме како да е последниот натпревар во нашиот живот. Знам колку е важен тој натпревар, но истиот не може да се покаже како пресуден кога е во прашање шампионската титула. Ако загубиме, тогаш ќе имаме далеку помали шанси во борбата за шампионската титула, но мора да бидеме искрени. Атлетико (М) никогаш не беше дел од борбата за шампионската титула. Само со победа ќе останеме во игра за шампионскиот пехар”, изјави Коста.