-Согласно нашите надлежности постапивме, формиравме денеска комисија која од денеска е на терен, ќе бидат посетени сите домаќинства, секоја земјоделска површина која е зафатена од ова невреме и тие записници ќе бидат проследени во општината и ќе бидат пресметани и поминати на советот со тоа што нашата надлежност и обврска ја завршуваме. Ќе бидат после испратени до Владата, односно до второстепена комисија која е за обештетување на вакви случаи, изјави градоначалникот на Општина Јегуновце, Димитар Костадиновски.
-Се надевам и апелирам Владата да најде можност и време, да ја посети Општина Јегуновце со надлежните институции, како Министерство за земјоделие, за животна средина, за транспорт или било кој од Владата… да дојдат да посетат и самите да видат на лице место што е проблемот и во иднина овие наши сограѓани да бидат обештетени.
Сега е веќе касно за да се пресеат или да се пренаменат земјоделските површини во нешто што можат да бидат искористени. Како што знаете, до 20ти јуни никој од нашите земјоделци немаат донесено во своите опремнини или во своите домаќинства по една бала или пченка или пченица која ја посеале, бидејќи најмногу се занимаваат со тие земјоделски гранки.
Затоа треба да бидат обештетени и овој проект, односно оваа регулација на речното корито на Вардар да биде што побрзо реализирана во Општина Јегуновце и на нашите сограѓани од овие населени места им биде решен овој децениски проблем во Општината.