Костадинов демантира дека купил стан во „Џеваир“

Коста Костадинов ja демантира информацијата објавена на „Нетпрес“, а преземена од „Лидер“ дека купил стан во „Џеваир“.
Тој во демантот на текстот: „Лидер: Костадинов се подновил со стан во Џевахир – го крие во анкетниот лист?!“, пишува:

„Не е точно дека јас, Костадин Костадинов имам купено стан, исто како што не е точно дека нешто има сокриено во имотниот лист кој согласно законите е навремено доставен. Бидејќи овие невистини ми нанесуваат штета на угледот барам, повлекување и јавно извинување, врз основа на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, како и објавување на овој мој демант во целост“.