Костадинов и Николов над законите: Корона прослава во недозволено време

СДСМ и власта не се откажа од изборите во Штип кои се одржаа вчера, цената сепак ја плаќа кризата со корона која допрва ќе крахира во пресрет на јануарскиот бран кој го очекуваат лекарите.

На Твитер се појави и фотографија на која Костадин Костадинов е во друштво на новиот градоначалник на Штип во кафеана на познат бизнисмен по 21 часот кога е забрането да работат локалите се со цел да не дојде до ширење на вирусот.

„Ко то тамо пева после 21:00 часот, во штипски Локал на познат бизнисмен?
За обичните смртници важат СИТЕ закони, а за моќниците се отвараат и кафани после полноќ!
Мандатот почна со прекршоци…“, се наведува во твитот.