Костадинов: Мицкоски да каже дали се гледал со Груевски, со новинарот од Италија, со други луѓе од Словенија?

„Христијан Мицкоски одбегнува да одговори на прашањата што му ги поставуваме, се крие зад статуси на социјалните мрежи, се крие и зад својот генерален секретар, патем осомничен во предметот „Дизајн“, рече во неделата Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

„На ВМРО-ДПМНЕ не му било јасно зошто јавноста се прашува дали Мицкоски се гледал со Никола Груевски, со новинарот од Италија, со други луѓе од Словенија, зошто прашуваме за неговите линкови…

Важно е граѓаните да ја знаат вистината. Важно е граѓаните да знаат за поведението на Христијан Мицкоски и неговите вистински намери“, посочува Костадинов.