Костадинов се подновил со мотор од 20 илјади евра, а во анкетниот лист го нема

Значи сите се подновени да не ги мислите! 33 со вила на Егејско, КК со нов мотор од пред десетина дена, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој сподели фотографии од неговиот колега од спротивниот табор, портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов и неговото ново возило.

-Што се 20.000 евра за Костадинчо?
Дукати од речиси 18.000 €, со целосна додатна опрема, од кои само куферите се 600€.
И исто како и Интрудерот, стариот мотор, ни овој нема да го најдете пријавен во ДКСК!
Што има врска што има криза и 40.000 нови невработени, што има врска што речиси уште толку се со плата/пензија под 15.000 денари, што има врска што колабира здравство и образование, нели?
Бандитите мора да уживаат, порача Стоилковски, додавајќи „УА мафија“.