Државата сака да фати дел од колачот што стопанството го обезбедило со макотрпна работа во претходната година. Тој закон доаѓа ненајавено, посочи Ромео Костадинов, потпретседател на Сојузот на стопански комори во „Тема на денот“ во централниот дневник на телевизијата Сител коментирајќи го воведувањето на таканаречениот Солидарен данок.
„Најтешкиот проблем е што тој данок неочекувано дојде да се плати во 2023 година, во време кога сите финснсиски проекции се направени за работењето во 2023 година, исплатена е дивидендата од 2022 година и нема дополнителни ресурси од каде што тоа би требало да се обезбеди. Тоа значи дезинвестирање, односно намалување на потрошувачката, помал промет и помлку даноци во државата од друга страна.
Според Костадинов овој данок на солидарност ќе предизвика поголема штета отколку корист за државата.
„ Тие пари кои што стопанството требаше да ги инвестира, сега ќе ги пушти во буџетот и таму се предвидува на нетранспарентен начин да се потрошат. Нема раздели, нема ставки, нема износи. Ова вака значи дека ќе се потрошат како што ќе донесе одлука Владата.Тие средства, сега за сега немаат цел“, посочи Костадинов.
Додаде дека на стопанството му треба предвидливост, бидејќи непланираните трошоци носат економска несигурност која ги одвраќа инвеститорите.
„Од овој закон најпогодени ќе бидат оние компании кои од 2017 до 2021 година донесоа одлука добивката од претходната година да ја реинвестираат во нови инвестиции, заклучи Костадинов.
Како закчлучок истакан дека Владата треба да работи на сузбивање на сивата економија поради којашто многу парични средства остануваат ненаплатени како данок или, као што го опиша тоа оно што требало да плати не плаќа а дополнително се оптоваруваат оние кои редовно го плаќаат данокот.