Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во вестите на Сител телевизија истакна дека со градоначалничката на Град Скопје е договорено Министерството за култура да ја преземе изградбата на Универзална сала.
Веќе 3 месеци чекаме Град Скопје да одговори, да ни достави состојба, што е направено во Универзална сала. Министерството за култура се јавува како помош да помогне да се изгради Универзална сала, тие ингеренции за изградба да ги одземеме времено додека да се изгради и потоа повторно ќе ја отстапиме на град Скопје, тоа е објект на град Скопје, појасни Костадиновска Стојчевска.
Потпретседателката
Ние сакаме само да помогнеме за Универзална сала, парите стојат на сметка, направени се сите проверки коишто требаше да се направат од ИЗИС дека е стабилен, тоа е проект поголем од било чие инаетење, порача потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во вестите на Сител телевизија.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ