Сотир Костов, во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за одржување на предвремени избори, распуштање на Собранието и истакна дека како држава доцниме со предвремени парламентарни избори затоа што еве вчера доживеавме повторно дебакал.
„Според мене ние доцниме со предвремените избори, бидејќи еве повторно доживеавме дебеакл. Пред да кажам било што за престојните локални избори јас ќе повторам каде е конечниот извештај за минатогодишните предвремените парламентарни избори. Зошто го нема? Ова е преседант, прв пат во светот се случува да не се даде конечен извештај за тоа како се спроведе изборниот процес. Знаете зошто? Затоа што изборите беа една голема измама, изборите беа една голема кражба, институционална за прв пат со тие фамозните картички’, рече Костов.
Се осврна и на информациите кои протекоа од владејачката ДУИ, дека во валдината коалиција со СДСМ било разговарано за промена на химната и знамето, оценувајќи дека станива збор за „срамни“ активнсоти на власта.
„Ако ДУИ е зелена партија тогаш Струга, Сарај што се случува таму со еко политиката или било што? Ова промена на химна, знаме, државниот грб е срамота, а Заев се прави глув, тоа се решава во Собрание. Тоа е решено, само некој треба да излезе и да каже дека се надминати состојбите со Македонија, дека Македонија не е Македонија што беше, а не вака да ни прават пинг-понг, еден ќе даде изјава друг после неколку саати ќе даде демант“, додаде Костов.