Костов: Презреани се условите за предвремени избори

Со ова што ни се случува во изминатата една година, за мене условите се презреани за предвремени парламентарни избори, вели аналитичарот Сотир Костов во гостување во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер.

Костов рече дека обвинителството треба да работи и не да ја жртвува само Ременска, додавајќи дека во случајот „Рекет“ е вмешана и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а Бојан Јовановски во судница изјавил дека парите се кај семесјтвото на премиерот Зоран Заев.

„Малку похрабри нека бидат за рекет, нека не ја жртвуваат само Ременска, таму е и Шеќеринска и сите се вмешани. Таму и Заев е вмешан, убаво кажа Боки, парите се кај Зоран и Вице Заеви’“, рече Костов.

На прашањето дали очекува да има апсење на владини функционери, Костов вели дека не верува, бидејќи Заев фазно се откажува од луѓето околку него за тој да остане подолго на власт.

„Јас не верувам во тоа, ама Заев е човек кој работи по овој систем, фазно се ослободува од луѓето околу него за тој да биде вечен и да остани подолго на власт. Но, никој не е вечен. Ослободувајќи се од луѓето јас мислам дека може да се случи нешто“, рече аналитичарот Костов.