Итна, брза и остра реакција со завршница веднаш од страна на Министерството за внатрешни работи побара во неделата преку објава на социјалните мрежи, градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, по низата напади врз деца од населбите во оваа скопска општина кога со автобуси се враќаат дома преку територијата на општина Чаир
„Оставив неколку дена сѐ со цел да не предизвикам дополнителна паника. Но пе вчерашниот случај кој е дел од низа случаи насилство во автобусот 57-ка, каде веќе извесен период особено во последниов месец на територија на општина Чаир се напаѓаат деца од Радишани и Бутел враќајкисе дома од центарот на градот, п
Чашата е прелиена, како градоначалник на општина Бутел лично од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски барам брзо, остро, и без никакво заташкување да реши овој проблем, додека не е предоцна.
Остро ги осудувам сите кукавички напади врз мирни млади деца кои дома ги воспитуваат дека насилството како опција не постои и треба да се остави во 19сетиот век.
Не сакам да верувам дека овие чинови имаат било каква позадина, и затоа велам насилството раѓа насилство и од таму сите надлежни органи ги повикувам да реагираат веднаш !
За неколку дена од сега како градоначалник на Бутел ќе организирам тркалезна маса на која ќе бидат повикани челниците на МВР, лидерите на верските заедници и претавници на загрижените родители, се со цел од блиску да ја следиме ситуацијата и да превенираме додека не е доцна. Доколку е потребно ќе формираме посебно тело за решение на оваа загржувачка ситуација.
Следиме будно !“, наведува Костов во објавата.