Костовски: Бесправно изградени објекти и узурпација во Општина Бутел нема да има

БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ И УЗУРПАЦИИ ВО ОПШТИНА БУТЕЛ НЕМА ДА ИМА, ова денеска преку статус на Фејсбук го порача градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

„Се додека јас сум градоначалник на Општина Бутел законите ќе важат за сите подеднакво, без отстапки

Јас работам во интерес на моите сограѓани, постапувам и сум на страна на чесните луѓе.
Во Општина Бутел нема место за бесправно изградени објекти и узурпации на државно земјиште.

Без разлика кој од каде доаѓа, без разлика кој на која позиција се наоѓа, без разлика дали некој ми е роднина, пријател, другар или комшија законите мора да важат за сите исто. Никој нема право да зема моќ и да мисли дека е над законот.

Денес во утринските часови беше отстранен бесправно изграден објект на државна парцела во близина на булеварот Христијан Тодоровски Карпош.

Ако во минатото ова било секојдневие, денес имаме поставено ред во урбанизмот и за урбаната мафија нема место во Општина Бутел.

За мене додека сум градоначалник сите граѓани ќе бидат исти и еднакви“, стои во неговиот пост на Фејсбук.