Костовски: Благодарам Мети, никогаш не е доцна за награда

Атанас Костовски, легендарниот македонски коментатор кој со години ги следеше настапите на македонските спортисти и ги пренесуваше натпреварите на телевизиските екрани доби награда за животно дело од страна на Фудбалската федерација на Македонија. 82 годишниот Костовски целиот свој работен век го мина во Македонската Радио Телевизија. Добивајќи го признанието на манифестацијата „Најдобри во македонскиот фудбал“, популарниот Таско истакна дека му е чест што добива награда за животно дело, а истовремено посака пласман на ЕП 2020 на Македонија.
Искрено се заблагодари на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

„Не добив ваква награда во времето на Иванов, Арнаудов, Хаџиристески и Ѓорѓиоски. Благодарам Мети. Никогаш не е доцна за награда. Ви посакувам македонска европска, 2020 година. Посакувам сите мои колеги од јавниот ТВ сервис и од комерцијалните телевизии да имаат таква можност каква што сум имал јас. Да известуваат и коментираат кога нашата репрезентација ќе биде на Европско првенство и тоа на македонски јазик. Тогаш коментаторите остануваат засекогаш запаметени.“, изјави Костовски.