11.8 C
Skopje
среда, февруари 26, 2025

Костовски: Целата постапка околу затворањето на Еуростандард банка е заговор

Сопственикот на Еуростандард банка Трифун Костоски, во вечерашната емисија Само интервју а Канал 5, вели дека стечајот бил припреман подолг период како и дека Народната банка не ги употребила сите алатки за рестартирање на банката да се стабилизира.

Ако некој беше изненаден првенствено ние бевме изненадени, а потоа и штедачите заедно со нас, бидејќи повеќе од јасно е дека стечајот бил припреман подолг период на банката да оди во стечај, па можеби и година дена, вели Костовски.

-Објективно гледајте кога ќе влезете во операциона сала вие имате од игла и конец до скалпер, значи имате многу алатки, но треба пациентот да го оставите жив. Исто така и НБРМ има алатки како да ја стабилизира банката бидејќи основната дејност на НБРМ е да го регулира банкарскиот систем во земјата. Тоа се редовни мерки, вонредни мерки, администрација и стечај. Редовните мерки ги почитуваа, вонредните мерки никој пат не ги почитуваа, не казнија ниту еден Управен одбор, не казнија ниту некој член од Надзорниот одбор или колективно целиот надзорниот одбор, не казнија одредени служби, значи не преземаа никакви додатни вонредни мерки, не наговестуваат такво нешто. И сега доаѓа трето, доколку првата и втората алатка не биле испочитувани, тогаш доаѓаа администрација која што трае од прилика година дена и таа година дена ќе се види дали банката ќе успее да се рестартира да биде повторно банка или оди во стечај. Овие две алатки, значи кога говориме за четири, првата и последната се употребени, втората и третата како да не постојат, објаснува Костовски.

Костовски додаде дека целата постапка околу затворањето на Еуростандард банка е заговор, посочувајќи дека ќе биде упорен да дознаае кој стои зад тоа.

-Таа нетрпеливост која што јас ја почувствував дали кон семејството, или дали кон Еуростандард банка не можам да сфатам што е, но дефинитивно тука се работи за заговор. Кој стои зад тоа, јас ќе бидам толку упорен да дознам, рече Костовски.

Сопственикот на затворената Еуростандард Банка Трифун Костовски во гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 телевизија нагласи дека имало сериозен потенцијален купец на Еуростандард банка кој ги исполнува сите критериуми согласно Народна банка, но дека гувернерката на Народна банка воопшто не им одговорила дали и кога ќе го прими тој човек, бидејќи и тој што инвестира во државата сака да има гаранција за неговите пари кои што ќе бидат внесени во земјата.

-Мојот син беше на разговор со високи структури на Народна банка каде што обезбедувме да докапитализираме нови 2,2 милиони евра, значи тоа беше понеделник 10 август, до петок 2,2 милиони евра да легнат, само со цел да ја убедиме гувернерката да го прими потенцијалниоткупец на банката кој што ги задоволи сите критериуми согласно Народната банка меѓутоа бараше да се сретнат и да виде каква е гаранцијата за неговите пари кои што ќе бидат внесени во земјата. На жалост гувернерката ниту не удостои со одговор дали ќе може да го прими и кога ќе го прими тој човек, туку едноставно за два дена после ова се види ова што се случи, стечај на банката, вели Костовски.