Костовски: До крајот на годината ќе инвестираме 13 милиони денари во образованието, детската заштита и спортот во Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски вели дека до крајот на годината ќе инвестираат 13 милиони денари во образованието, детската заштита и спортот, и дека инвестирањето во младите е нивен врвен приоритет.

„Десет милиони денари за образование и спорт, ќе набавиме смарт табли за основните училишта, ќЌе опремиме неколку училишта со современи информатички кабинети. Ќе изградиме две модерни баскет игралишта, три милиона денари за детска заштита (градинки)“, објави Костовски на социјалните мрежи.

Костовски посочи дека ќе обезбедат се што е неопходно за дечињата во градинките да се чувствуваат комотно, а значително ќе се подигне квалитетот на нивниот престој.