Костовски до Смилевски: На кој начин ќе ги доделувате плацевите кои ги ветувате за гласови на криминални структури, а на местата од парковите планирате згради

За разлика од вас кој за гласови ветувате парцели на територија на Бутел, имате ветено над 1.000 парцели а според моите информции на повеќе лица една парцела, тука се ќе оди според законот и врз основа на лицитација, одговара Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ на репликата на Велимир Смилевски од СДСМ во рамки на тв дебатата на МРТ на кандидатите за градоначалник на Општина Бутел.

„Може да се привлечат да лицитираат сите инвеститори. Вие се фативте само за еден дел, на кој начин ќе се доделуваат плацовите на компаниите. Повторно јас ќе ве прашам, на кој начин ќе ги доделувате плацовите кои ги ветувате за гласови и тоа не на луѓе од Бутел, туку од Чаир, Сарај, дури и на луѓе надвор од нашите граници. На кој начин ќе ги дадете плацовите кои ги ветувате на некои криминални структури кои надвор од нашата држава дојдоа специјално за овие избори да работат за вас со автомобили од 150.000 евра“, го праша Костовски својот противкандидат.

Костовски кажа дека за разлика од првата дебата сега му е мило што Смилевски научил дел од улиците во Бутел, бидејќи на претходниот дуел не знаел дел од улиците и му порача да се фокусира на реалните проблеми на бутелчани.

„Не со ветер и магла како цело време СДСМ што се занимава овие избори, ветувате живот, ветер и магла. Во таа смисла треба да се фокусираме врз основа на практични работи, луѓето имаат сериозни проблеми и тие прво треба да ги решаваме. Вие постојано се зафаќате за гасификација која што е навистина потребна на териотирија на Општина Бутел, но треба да бидеме реални. Така и за поликлиниката, практично вие ветувате нешто што не е под ваша надлежност, а во однос на тоа дека требаше да има поликлиника во пролет 2017, да доколку ВМРО-ДПМНЕ формираше Влада, доколку не изберевте Влада по насилнички пат како што се случи тоа“, рече Костовски.

Костовски кажа дека парковите се многу битен момент во однос на екологијата, тој напомена дека на местата каде ВМРО-ДПМНЕ планираат паркови, Велимир Смилевски и СДСМ планираат згради, напомена дека е добро со тоа да се запознаат жителите на Бутел, бидејќи тој смета дека тоа е мирна општина и треба таквиот начин на живот да се задржи.

„Доколку некој бутелчанец сака да живее кајшто има згради, во местата кои се поурбани во таа смисла, Аеродром, Карпош и Центар. Можеби тоа е стилот на Велимир бидејќи тој не живее во Бутел, живее во една урбана општина каде што има згради, можеби тој стил на живот сака да го донесе на територија на Бутел. Во претходната дебатна емисија тој тврдеше дека живее во Бутел, но адресата која ми ја покажа господинот Велимир Смилевски и тврдеше дека живее таму и ме покануваше на кафе дури. Ние направивме една прес-конференција пред таа куќа и во таа куќа навистина не живее Велимир Смилевски“, посочи Костовски.

Рече дека покрај трите паркови кои се планирани, меѓутоа планирана е и една патека за искачување над селото Љубанци, која ќе биде и за рекреативци и за професионалци, кажа дека се предвидува и паркче во секое маало каде што е тоа потребно.