Костовски: Ќе ги реконструираме сите игралишта во дворот на ОУ „Ацо Шопов“, ова ќе биде убав спортски комплекс

Мило е што денеска се собраа толкав голем број луѓе на овој настан, недела за недела, викенд за викенд да отвориме уште едно модерно баскет игралиште кад е што ќе можат најмладите, учениците од ООУ Ацо Шопов, но и сите граѓани од населеното место Радишани да се забавуваат на едно модерно баскет игралиште стандардизирано според ФИБА стандарди за баскет три на три, истакна во саботата градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

„Ова игралиште е во вредност од некаде околу 2.3 милиони денари и навистина станува збор за еден велелепен проект кој што ќе даде еден убав момент за дружба на сите луѓе во ова населено место. Се наоѓаме во дворот на училиштето Ацо Шопов, веднаш до нас има и едно тениско игралиште кое што малку е во застарена форма и едно фудбалско игралиште кое што е од многу одамна изградено, тоа е од пред 20на години и во наредниот период убеден сум дека ќе ги реконструираме сите овие три игралишта и ќе добиеме еден убав квалитетен спортски комплекс. Спортот и тоа како е една битна работа, битна карика за да се развива едно општество квалитетно, Бутел е спортска општина но каскаме морам да си признам со спортската инфраструктура и во таа смисла јас и мојот тим си дадовме за цел да работиме за да ја поправиме спортската инфраструктура и по тоа да бидеме предводници на државно ниво здравје боже“, рече градоначалникот.

„И не само во однос на спортот, на 50-ина метри од тука се  наоѓа и реката Серава каде што уште на самиот почеток на мандатот ја исчистивме, во моментов се проектира изградба на ново корито и нова трим патека и на некој начин овој дел од Бутел ќе добие сосема една нова слика. И она што исто така е битно и во овој момент би сакал да го спомнам е дека во соработка со Министерството за Образование одвоени се сериозни средства за доградба на ООУ Ацо Шопов и конечно да го надминеме оној проблем со дечињата коишто немаат каде да се сместат по часовите“, истакна Костовск.