Костовски: Иако немаме ниту една финансиска поддршка од страна на Владата, сепак во Општина Бутел се работи и гради квалитетно

„Уште на самиот почеток од мандатот почнаа одредени закани по однос на тоа дека некој во минатото на некому му ветил дека на одредени позиции ќе добие маркици за одредени поголеми градби најчесто згради итн но наидоа на отпор од моја страна не бидејќи тоа ми е мене мерак туку бидејќи тоа го ветив на граѓаните од Општина Бутел дека ќе ја спорам бетонизацијата и нема да дозволам Општина Бутел да личи на соседната Општина Чаир“, истакна градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа.

Додаде дека општината ја води заедно со неговиот тим квалитетно и се гради како никогаш до сега со средствата кои ги имаат сега.

„По однос на заканите стигаат од сите страни и не запираат дури имаше и лично присуство пред општинската зграда на одредени криминални групи итн но многу добро знаат дека имаат работа со човек кој не го допираат такви работи и полека спласнуваат“, кажа Костовски.

Истакна дека борбата со урбаната мафија продолжува, неколку објекти отстраниле, а за многу скоро ќе отстранат уште неколку објекти.

„На едно отстранување на објект имавме соодветна поддршка од МВР и буквално беше така како што побарав како градоначалник. Но, генерално немаме буквално ниту една финансиска поддршка од страна на Владата некако директно некој да ме исконтактира да направиме некаков контакт еве Славјанка Петровска која е од Бутел нешто да излобира како министер во нејзината Влада за нешто да изградиме со државни пари“, посочи Костовски.