Почнаа конструкциите и лагите! Почитувани граѓани на Општина Бутел, вечерва одредени портали веројатно по нечија насока пишуваат дека во текот на вчерашниот ден во просториите на Општина Бутел имало некаков инцидент со физичка пресметка, објави градоначалникот на споменатата скопска општина, Дарко Костовски
„Точно е дека имало инцидент и дека постапила и полицијата, но инцидентот се случил во подрачната единици на Управата за имотно правни односи која спаѓа под Министерството за финансии. Оваа подрачна единица на Министерството за финасии користи простории под закуп во зградата на Општина Бутел и истите имаат и посебен влез“, се наведува во дописот на Костовски до медиумите.
Наведува дека како градоначалник на Општина Бутел бара порталите кои ја објавиле лажната вест, веднаш да ја истакнат вистината која говори дека немало никаков инцидент поврзан со администрацијата на Општина Бутел.
„Лаги, конструкции и измами нема да не спречат по патот кој го одбравме и уште на самиот старт силно тргнавме, дека чесно, искрено и со многу труд од Општина Бутел ќе направиме многу поубаво место за живеење“, се заклучува во изјавата на Костовски.