Костовски: Нов циркуз во Бутел, амбулантата се урива а Смилевски објавува дека се гради

Дарко Костовски преку статус на Фејсбук пишува дека градоначалникот на Бутел во заминување Велимир Смилевски направил нов циркус.

-Ете го нa дело “градоначалникот” во заминување Велимир Смилевски со нов циркуз !

➡️Прво, на фотографијава се гледа единствено како се руши, тој напишал почнала градба ?!

➡️Второ, нели предизборно вети поликлиника, нова модерна поликлиника која заедно со Заев ветувавте дека ќе ја изградите до крајот на 2020 година (во коментар под овој пост ќе ставам фотографија од ова ветување, или најголемата лага на Велимир) Сега наеднаш од поликлиника се претвори во амбуланта, и тоа каква ? Објасни им на граѓаните за каква амбуланта станува збор ? Биди барем еднаш доблесен и признај дека станува збор за модуларна амбуланта или позната како монтажен контејнер слична на оние од втората светска војна ! Каде е проектот ? Каде е планот ? Покажи ги на граѓаните !

➡️Трето, немој да мислиш дека тоа што ја рушиш руинираната амбуланта и што криеш за каква нова срамотна градба станува збор дека некој воопшто ќе ти поверува, ти не реализираше ниту еден од ветените проекти, додека модерна достојна поликлиника во Бутел за тебе е само мисловна именка. Твојот кредибилитет пред граѓаните на општина Бутел одамна е изгубен, ти за два месеци ќе бидеш само срамно минато за Бутел.

➡️Четврто, во името на граѓаните на општина Бутел те замолувам, не ја пипкај амбулантата, немој да носиш контејнери со кои ќе ни се смеат сите. За многу скоро време мојот тим на граѓаните на општина Бутел ќе го претстави новиот проект за модерна поликлиника во Бутел, тој ќе биде носечки проект кој ќе се реализира за максимум две догодини од следниот мандат.

➡️Петто, покрај тоа што буквално ништо не направи за општина Бутел, немој да ја дооуништуваш. Ти Велимир Смилевски ќе останеш најнеспособниот градоначалник на оваа општина, го спушти нивото на општината во невидени размери. Сметај дека си минато, граѓаните на општина Бутел одвај го чекаат моментот кога ќе си одиш.
Не живееш тука, не те интересира оваа општина, на сите ни покажа што всушност тебе те интересира.

☑️P.S Во право си, никој за дваесет години не успеа да направи нешто што ти успеа за само четири години, ја врати општината десетина години наназат, потроши 2 милиони евра за непотребни привремени вработувања, не реализираше ниту еден од ветените проекти !, пишува тој во својот статус на Фејсбук.