Ова е само почеток. Во Париз одиме по злато, истакна тренерот на македонскиот олимпиец во таеквондо Дејан Георгиевски, Борче Костовски од центалниот скопски плоштад Македонија.
Како што рече, Костоски, тој сака да упати две пораки до јавноста/
„Првата е: Чувајте го Дејан како капка вода на дланката. А втората е – Македонија ВЕЧНА!“
Некаде околу 19,30 часто со големи овации Георгиевски на плоштадо Македонјија беше пречекан од мноштво луѓе, радувајќи се неговиот голем успех отокако а Олимписките игри во Токио освои сребрен медал за во категоријата +80 килограми.
Георгиевски со овации претходно денеска беше пречекан и на скопскиот аеродром, а меѓу многумината коишто сакаа непосредно да го поздрават олимпискиот вицешампион беа и од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и стотици навивачи, членови на неговото семејство, претставници на неговиот матичне клуб „Бутел“.