Костовски: Погрешивме со изборот на Управниот одбор, тие нè наместија

Бизнисменот Трифун Костовски како мнозински акционер во Еуростандард банка, попладнево се појави на прес конференција со неговиот син и ја обвини Народната банка и потесното раководство на управниот одбор на банката за нејзиното пропаѓање.

Поточно тој го обвини Николче Петковски поранешниот претседател на управниот одбор за пропаѓањето на банката. Според него Народната банка е неспособна и донела избрзана одлука.

Најавија кривични пријави против претходниот управен одбор и најавија дека правдата ќе ја бараат пред меѓународните институции со оглед дека тоа е странска инвестиција.