Костовски: Радикализирање на протестите, доколку не прекинат сите случаи на политички прогон

Доколку не прекинат сите случаи на политички прогон од полициската хунта, а да ги браниш македонските национални интереси е света должности и кажа дека токму за тоа ВМРО-ДПМНЕ постои, порача во вторникот вечерта Дарко Костовски од протестот организиран од партијата пред Министерството за правда.

Притоа го спомена и однесувањето на полицијата на Табановце која неполн час претходно се обиде да го попречи најавениот протест на активистите на ВМРО-ДПМНЕ, и кажа дека по книга по политички науки така се однесува политичка хунта.

„Денеска видовме како СЈО (Специјалното јавно обвинителство), коешто нема никаков легитимитет, меѓутоа нема ниту никаква правна основа да постои, особено да не поднесува нови монтирани случаи коишто ги делегира директно СДСМ, денеска повторно измонтираа неколку случаи. Сѐ со една цел, максимално да ја дефокусираат јавноста за да ја затскријат целата неспособност на оваа таканаречена влада или полициска хунта, којашто по сите основи не дава никаков резултат“, рече Костовски.

Потенцираше дека лично смета оти во овој период има најголема криза во историјата на Македонија, во однос на националните и државни интереси, што според него се случува поради оваа власт, но порача дека народот тоа го гледа и дека наскоро ќе даде одговори за се тоа.

„Јавното обвинителство е целосно под диктат на СДСМ и тоа го покажува периодов, од страна на оваа таканаречена влада. Од тоа јавно обвинителство произлегоа сите овие неправедни моменти, кои што македонската историја ќе ги памети. Многу луѓе притворија затоа што си ја сакаат оваа држава, меѓутоа десетици од нив замислете и ги обвинија за тероризам. Чесни, праведни луѓе кои што се домаќини, родители. Она што е многу важно, покрај тоа што ги обвинија за тероризам, ги однесоа и во притвор, го прекршија грубо членот 134 од Законот за кривична постапка. Тие луѓе ниту бегаат, ниту се кријат, затоа што единствено дело кое што го имаат направено е почитување сакање и борба за македонските национални интереси. Од такво дело никој не се крие“, посочи Костовски.

Рече и дека ВМРО-ДПМНЕ бара итно да бидат ослободени сите оние коишто се притворени, само затоа што се против власта и си ја сакаат државата, како и да запрат сите процеси кои ги има и кои ги планираат против оние кои не размислуваат како власта.

„Не смее власта да се однесува како полициска хунта. Овие два барања мора да бидат остварени, заради тоа што се до тој момент овој народ нема да се повлече од улица, протестите секако дека ќе се радикализираат, блокадите на улиците ќе се радикализираат итн“, порача Костовски.