Костовски: Радишани наскоро ќе добие нов ултра спортско рекреативен центар

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски преку статус на Фејсбук објави дека Радишани наскоро ќе добие нов ултра модерен спортско рекреативен центар.

„РАДИШАНИ НАСКОРО ЌЕ ДОБИЕ НОВ УЛТРА МОДЕРЕН СПОРТСКО РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР КОЈ ЌЕ ГО НОСИ ИМЕТО “ МАКЕДОНИЈА “ ❗️⚽️

➡️ Веднаш спроти Манастирот св. Наум кај местото викано олимпија, наскоро ќе никне нов ултра модерен спортско рекреативен центар, можеби најубав во градот Скопје.
Овој спортско рекреативен центар ќе содржи:

⚽️ Модерно фудбалско игралиште со виско квалитетна вештачка трева, нова ограда, нови голови и ново лед осветлување.

Баскет игралиште со специјална подлога за баскет, нови кошеви и ново лед осветлување.
Ново модерно детско игралиште

Нов парк за рекреација на граѓаните

Нов паркинг простор

➡️ Го менуваме ликот на општина Бутел, секое населено место до крајот на мојот мандат ќе добие нов лик.
ВЕТЕНОТО ГО РЕАЛИЗИРАМЕ !

#МодернаОпштинаБутел✅“, стои во неговиот пост на Фејсбук.