Кандидатот за градоначалник на општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ – Дарко Костовски, во своето гостување на дебатната емисија ,,Објектив” која се емитува на МРТ1, го обвини противкандидатот Велимир Смилевски дека целосно ја партизирал општината и дека отишол до таму да веднаш по неговото доаѓање на чело на Бутел избркал двајца вработени со инвалидитет, само затоа што биле членови на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сега ќе кажеме каков човек сте. Се сеќавате на Николче Пирковски и Борче Шарковски?
Овие двајца луѓе се со инвалидитет, едниот нема око а другиот има потешкотии во движењето. Овие двајца луѓе работеа како чистачи во општина Бутел. Само што дојде Смилевски на таа позиција и двајцата ги избрка од работа. Луѓе со инвалидитет ги избрка само затоа што се со пристапници на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е сликата за вас! А ова што го зборувате по бензиски, по гробот на Гоце Делчев… Вие најдовте да зборувате за Гоце Делчев, вие што го продадовте името на оваа држава? Вие што го продадовте тоа што генерации пролеале крв, вие ќе зборувате? Срамота! Вие може да зборувате за тие ваши удбашки системи, монтировки и лажење. Вие сте еден обиучен политички шарлатан!„, порача Костовски.