2.8 C
Skopje
вторник, декември 24, 2024

Костовски: Си посакавме златни медали со Новак- поддршка за Деки и Македонија од врвниот светски спортски АС (ФОТО)

Си посакавме златни медали со Новак. Поддршка за Деки и Македонија од врвниот светски спортски АС, напиша Дарко Костовски на Фејсбук.

Инаку, најдобриот македонски таеквондист и знаменосец на Македонија на игрите во Токио, Дејан Георгиевски ќе се соочи со светски шампион. Тој на ждрепката за олимпискиот турнир во категоријата до 80 килограмиго извлече актуелниот светски шампион, Рафаел Алба од Куба со кого ќе се сретне во првата борба.

Георгиевски на 27-ми јули во првото коло ќе се сретне со Алба.

Алба е фаворит на хартија, но како што деновиве пишуваат и кубанските медиуми, нема да биде лесно Алба да се бори со човекот што го елиминираше актуелниот олимписки шампион.

Можеби Алба е благ фаворит, тоа ќе биде така се додека не стапнеме на борилиште, тогаш е се подруго, ова се олимписки игри, тука се најдобрите.