Последниве четири години општина Бутел е заборавена општина. Последните четири години се најлошите четири години во историјата на општина Бутел. Не смееме да дозволиме да ни се повтори истото, изјави денеска во неговото видео обраќање Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Бутел.
Тој ги повикува сите без разлика на етничка, нити пак на верска припадност, па дури и без разлика и на политички поделби како никогаш до сега да излезат на 17-ти октомври за да ги поразат неработниците и бандитите.
– Да излеземе за да ја обезбедиме нашата иднина, иднината на нашите деца. Да излеземе за просперитетна и безбедна општина Бутел, која веднаш ќе почне да се развива насекаде. Во Љубанци, во Љуботен, во Кучевишка Бара, на Бел Камен, во населба Радишани, во Радишани, Расадник, во Бутел 1, во Љуботенски пат, во Бутел 2, во Скопје Север, во Визбегово насекаде. Да покажеме дека можеме. Да покажеме дека општина Бутел може да биде достојна и модерна општина како дел од градот Скопје. Затоа уште еднаш ве повикувам сите масовно како никогаш до сега да излеземе на 17-ти и да ја заокружиме нашата иднина, дециден е Костовски.