![280867352_392711552870524_4849519042639607409_n-960x720](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/05/280867352_392711552870524_4849519042639607409_n-960x720.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Започна со кастрење, проширување и уредување на улица 7 или позната како “Коритница”, информира градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.
-Во должина од 2км од двете коловозни ленти се започна со чистење, кастрење и проширување на патот. Исто така закрепени се сите ударни дупки долж цела улица 7.
Овој пат кој води до Љубанци не е исчистен повеќе од 10 години и претсавуваше опасносност за жителите кои транзитираат во овој предел на општината.
Во соработка со ЈП Комунална хигиена изврешено е темелно миење на улицата.