![kotlar-7](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/kotlar-7.jpg?resize=696%2C465&ssl=1)
Кандидатката за градоначалник на општина Центар, Наташа Котлар, вечерва на митингот им се заблагодари за своите сограѓани што ја поддржале и за добриот резултат кој го постигнале во првиот круг од локалните избори. Таа рече дека е убедена во победата и во вториот круг бидејќи нејзината кампања има различен настап со која покажале дека граѓаните и нивните потреби се во фокусот на нивното внимание.
„Општина Центар не припаѓа само на своите жители, на центарци, туку е центар на градот Скопје и центар на државата. Нашата визија за Центар е секогаш да биде функционална, модерна и современа општина како што ѝ доликува. Ова го велам затоа што сум сериозна во намерата да ја елиминираме онаа култура која не покажува современо и модерно однесување, ние сериозно мислиме да ги менуваме нештата и во доменот на урбаното градење, во екологијата да воспоставиме принципи, мерила и мерки, за здрава средина и здрав живот, ни треба културен живот кој во нашата програма го имаме и во која се опфатени и пензионерите и младите“, рече Котлар.
Кандидатката им порача на младите, студентите и средношколците дека од нив ќе бара активен ангажман во креирањето на подобра општина Центар.